Назад до производите
GoldCoast 100% природно какао во прав, 400г

Cocoa

GoldCoast 100% природно какао во прав, 400г

Достапно во Веро маркети и 80+ продавници низ Македонија

Опис на производот

100% природно незасладено какао во прав од Гана. Без додаден шеќер и без конзерванси. Пакувано во вакумирана метализирана кесичка од 400г, идеално за топли и ладни пијалоци, печење, смути и здрави десерти.

Откријте ги нашите рецепти со какао

Најчесто поставувани прашања за какао

Дали GoldCoast има додаден шеќер?
Не. Составот е 100% чисто какао, без додаден шеќер, бои или конзерванси. Има помалку од 1 g природен шеќер на 100 g.
Дали е природно или алкално какао?
Природно. Не е третирано со алкално средство, па го задржува интензивниот вкус. Разликата е објаснета тука.
Од каде потекнува?
Од Златниот Брег во Гана.
Колку порции има една кесичка?
Кесичката од 400 g има 40 порции. Една порција е полна лажичка (5 g).
Како се подготвува?
Измешајте 2 полни лажички со малку топла течност во паста, па долејте топло или ладно млеко или вода. Засладете по вкус. Целиот рецепт.
Може ли да се користи за печење?
Да. Работи за колачи, брауни, кремови, смути и протеински шејк. Погледнете ги рецептите.
Колку трае и како се чува?
Рокот е отпечатен на кесичката. Чувајте го на ладно и суво место и затворете ја кесичката по употреба.
Дали има кофеин?
Има малку, како секое какао. Една шолја со 10 g има околу 20–25 mg, што е многу помалку од шолја кафе. Повеќе за какао и кафе.
Каде можам да го купам?
Онлајн на Ананас (550 ден), во Веро маркети и во повеќе од 80 продавници низ Македонија. Најблиската е на мапата подолу.
Дали доставувате надвор од Македонија?
Во Македонија доставуваме ние. Во други земји преку наши локални партнери. Пишете ни на Instagram или јавете се на 078 866 520.

Локации

078 866 520Chat with us